сабота, февруари 8, 2025
домаПОЛИТИКАСветШпанската влада одобри пократка работна недела

Шпанската влада одобри пократка работна недела

Шпанските министри одобрија намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа без намалување на платите, по договор со синдикатите, но без поддршка од најголемите здруженија на работодавачи.

На 5 февруари, Советот на министри го усвои предлог-законот што двата најголеми синдикати (ЦЦОО и УГТ) го опишаа како историска мерка од која потенцијално би можеле да имаат корист 12 милиони работници, пренесе Бета.

Министерката за труд Јоланда Дијаз рече дека тоа е историски ден и дека тоа е прво намалување на работното време во изминатите 40 години.

„Тоа не е само уште една економска променлива, туку проект за земјата и мерка за модернизација на Шпанија“, рече Дијаз, лидер на левичарската алијанса Сумар.

Од друга страна, најголемото здружение на работодавачи ЦЕОЕ го отфрли предлог-законот и повика на постепено намалување на работното време и колективно преговарање. Тие сметаат дека мерката најмногу ќе ги погоди малите бизниси и самовработените, пренесува бриселски Еурактив.

Владата на Педро Санчез тврди дека најголеми придобивки ќе имаат работниците кои не се опфатени со колективни договори, што е најзастапено во секторите трговија, услуги и угостителство.

Предлог-законот треба да биде усвоен од парламентот, каде владата на Санчез ќе треба да ја обезбеди потребната поддршка, што не е лесна задача. Законот може да се најде пред пратениците кон крајот на февруари или почетокот на март. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ