среда, февруари 5, 2025
домаНасловнаЕвропски суд за човекови права: Русија е одговорна за убиството на Литвиненко

Европски суд за човекови права: Русија е одговорна за убиството на Литвиненко

Европскиот суд за човекови права денеска ја прогласи Русија за одговорна за убиството на Александар Литвиненко во 2006 година, кој почина откако беше отруен во Лондон со полониум 210, редок радиоактивен изотоп.

„Русија е одговорна за убиството на Александар Литвиненко во Велика Британија“, се вели во соопштението на судот во Стразбур, пренесува Ројтерс.

Литвиненко (43), поранешен вработен во Руската федерална служба за безбедност ФСБ и свиркач, стана гласен критичар на рускиот претседател Владимир Путин откако се пресели во Британија.

Литвиненко избега од Русија во Велика Британија шест години пред да биде отруен, а тој почина откако пиеше зелен чај со редок и многу силен радиоактивен изотоп во хотелот Милениум во Лондон.

Британската истрага заклучи во 2016 година дека Путин најверојатно ја одобрил руската разузнавачка операција за убиство на Литвиненко, а исто така било откриено дека поранешниот член на КГБ Андреј Луговој и уште еден руски државјанин Дмитриј Ковтун го извршиле убиството како дел од операцијата најверојатно предводена од Федералната служба за безбедност на Русија.

Русија негира каква било вмешаност во смртта на Литвиненко. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ