„Фајзер“ и „Бионтек“ со дополнителни 100 милиони дози за Европската унија оваа година

0
210

Германската фармацевтска компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ денес објавија дека годинава ќе и обезбедат на Европската унија дополнителни 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирус.

Во соопштението на компаниите се наведува дека Европската комисија ја искористи можноста да купи дополнителни дози, што значи дека вкупно 600 милиони дози од оваа вакцина ќе бидат доставени до Унијата во текот на 2021 година.

Извршниот директор на „Бионтек“, Шин Марет, рече дека испораките на вакцини „Фајзер“ оваа година ќе опфатат две третини од населението во Европската унија, пренесува АП.

Во Европската унија, која има околу 450 милиони жители, досега се дадени околу 105 милиони дози вакцина против коронавирус. А.Н.