домаНавални итно префрлен во болница, постои опасност од срцев удар

Навални итно префрлен во болница, постои опасност од срцев удар

Руските затворски власти во понеделникот објавија дека го префрлиле критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, во медицинскиот оддел за „витаминска терапија“, бидејќи приврзаниците предупредуваат дека неговиот живот виси на конец.

Лекарите на Навални предупредија дека најистакнатата руска опозициска личност е во опасност од срцев удар „во секој момент“, велејќи дека неговата здравствена состојба одеднаш се влошила откако започнал штрајк со глад на 31 март барајќи лекарска помош.

Управата на затворот претходно објави дека Навални (44) е во задоволителна здравствена состојба и дека секој ден го прегледува лекар.  Тој претходно започна штрајк со глад затоа што, како што смета, не добил соодветна здравствена заштита за акутни болки во грбот и нозете.

Вчера личните лекари на Навални алармираа поради физичката здравствена состојба на опозицискиот лидер. Затворениот опозициски лидер, како што рекоа, изгубил 50 килограми за помалку од три недели по штрајкот со глад, и постои опасност од срцев удар. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ