сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Бројот на заразени со коронавирус во пораст, вкупно 48 пациенти, се...

Филипче: Бројот на заразени со коронавирус во пораст, вкупно 48 пациенти, се тестираат уште 35

Денеска направивме план за ставање во функција на третман на заразените во болницата „8-ми сепмтеври“. Со оглед на тоа што се изнудува потреба на друг тип на лекарска интервенција на дијагностицирани со корона - осочи Филипче, појаснувајќи дека со тоа ќе се спречи шетање на овие заболени пациенти на други клиники, за што е извршена и кратка обука на кадарот.

Денеска до 16 часот во нашата земја се регистрирани 6 нови случаи на пациенти со коронавирус, што значи дека вкупната бројка сега во земјава е 48. Во Штип за првпат во земјава е дијагностициран вирусот на 4-годишно девојче коешто се инфицирало во градинка во Англија споед податоци на семјеството. Семејството се вратило во земјава на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите. Во инфективното одделение девојчето е сместено со мајката, а се проширува епидемиолошката анкета и ќе се земат дополнителни бирсеи на луѓе кои се смета дека треба да се испитаат. Во Дебар се 3 нови случаи сите се избрани со пошироката индикација. Во Скопје е потврден еден случај, лице којшто имло контакт со еден од претходно дијалгностицираните случаи во изминативе два дена. Уште еден случај е потврден во Гостивар, жена којашто е вратена од Швајцарија. Била во домашна изолација се најавила сама на тестирање и навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија. Контактирани се сите членови на нејзиното семејство, кажа министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција за епидемијата на коронавирус во Македонија.

Министерот додаде дека се прават дополнителни 35 тестови, за што ќе се извести по добивање на реултатите, а соопшти дека сите пациенти се стабилни, со непроменета клиничка слика. Пациентката којашто е на респираторна машина нема знаци за влошување на состојбата. Денеска е направена домашна визита кај сите коишто се на домашно лекување.

-Денеска направивме план за ставање во функција на третман на заразените во болницата „8-ми сепмтеври“. Со оглед на тоа што се изнудува потреба на друг тип на лекарска интервенција на дијагностицирани со корона. Во болницата денеска направивме посета со посебна комисија, заедно се утврди патот, текот на движење на пациентите, делов на изолација, примени амбуланти, една посебна операциона сала, ангиографска сала,посебен кабинет за ехо и еден целосно посебен оддел кој во овој момент има 22 кревети – посочи Филипче, појаснувајќи дека со тоа ќе се спречи шетање на овие заболени пациенти на други клиники, за што е извршена и кратка обука на кадарот.

Веќе се работи планот за посебни пунктови во здравствениот дом во Скопје, соопшти Филипче и додаде дека детално ќе извести тогаш кога ќе биде готов, а треба да стартува во текот на следната недела.

-Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и уште еден педијатар – кажа Филипче.

Повеќе компании пристапиле со понда да изработат заштитни маски, а се чека стручното мислење на комисијата за заразни болести во министерството. Значително се подобрува и пристапот до клиниките во Клинички центар со помош на град Скопје, посочи Филипче.

-Бројот на пациентите од вирусот во земјата е во пораст. Сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран. Исклучително е добро тоа што пациентите се откриваат во рана фаза, пациенти откриени во касна фаза во многу земји беа причина да колабира здравствениот систем – рече министерот за здравство.

Тој упати порака дека ова не е нешто што можат само здравствените работници или здравствениот систем да го изменаџира, и дека исклучително е важна улогата на граѓаните, и сите мора да придонесат да оваа криза да се надмине.

Министерот на прашање за набавката на респоратори со многу повисока цена од потребното, апелилраше да не шират дезинформации и лажни вести, со појаснување дека процедурата за набавка на опрема е сеуште во тек, и дека целиот процес е транспарентен. Тој најави и состанок со здружението на матични лекари утре за да се направи проценка за заштитна опрема, бидејќи тие се концесионери и сами набавуваат опрема, но поради жалбите за недостиг по веледрогериите,  министерството ќе се обиде да им излезе во пресрет. Филипче уште појасни дека скафандерите не  се опрема која треба да ја носи цел медицински персонал, туку само лица кои во болниците директно се во контакт со заболени лица. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ