Н.Д.Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес конфереција нагласи дека бројот на новозаразени се зголемува, како кај нас, така и во светот. Тој нагласи дека бројот се шири особено меѓу социјални активни лица.
„Главна причина на ширење на заразата се должи на непочитување на мерките, а есента е сериозен аларм кој опоменува дека жртва на вирусот може да биде секој„ – вели министерот Филипче и обајснува дека се засилени мерките, а и контролите за (не)почитување и прекршување на мерките.
„Во тек се анализи за воведување на нови мерки, тука сакам да посочам дека наша стратегија е да воведеме мерки кои директно ќе влијаат на ширење на заразата„,допрецизира минситерот.
Според анализите на Комисијата за заразни болести, министерот посочи дека заклучно со 19 септември, од почетокот на епидемијата, најголем број на заразени се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, а во меѓувреме најголема инциденца на 100.000 жители има во градот Штип.
Дополнително, тој додаде дека според дистрибуцијата на возрасни групи, и натаму групата над 60 години е најзастапенљ, но како што рече, евидентно е дека вирост се шири и меѓу помладата популација, односно групата помеѓу 30-39 години. Според анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените, како што посочи Филипче, може да се заклучи дека главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките, односно, потенцирајќи дека тука се работи за семејните собири, групирањето, прославите и свадбите за кои посочи дека се забранети, но и генерално што граѓаните се опуштиле.
Многу контрадкторно од она што Влдата го превзема, а министерот го кажува е дека во тек се анализи и планови за воведување на евентуално нови мерки за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Филипче изјави дека нивната стратегија и цел е навремено да се воведат мерки кои директно ќе влијаат на сузбивањето на ширење на вирусот.
„Во следните денови ќе информираме за новите мерки кои што се планираат, согласно стратегијата која што е развиена од Комисијата за заразни болести, а дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти, ограничувања на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено, односно, во однос на бројот на посетители, дистанцата на седење, евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, рече Филипче.
Според Филипче, капацитетот на болниците е во сосема добра состојба, додавајќи дека еден од најголемите ризици бил и останува притисокот врз здравствениот систем.
Минситерот Филипче, на прашањето на ТЕХТ.МК не одговори конкретно за мерките што ги превзема мерките во однос на враќање на родителите корисници на продолжено породилно отсуство. Тој рече дека мајките од утре се враќаат на работа бидејќи со отворањето на градинките се созадале можности за тоа, но и дека дека МТСП до вечер треба да излезе со анализа на слободни работни места во градинките…Филипче најави дека по оваа анализа ќе се знае што понатаму ќе се прави!? Но, не одговори конкретно дали до полноќ може да се очекува измена во одлуката за породилно продолжено отсуство и на чиј товар ќе падне платата на мајките ако до крајот на неделата се затворат градинките.
Н.Доковска
Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче
[🔴Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче
Публикувахте от Влада на Република Северна Македонија в Вторник, 22 септември 2020 г.