Фрајбург: Зелениот капитол на Шварцвалд

0
445

muensterplatzЗа случајните намeрници, како потписникот на овие редови најголем впечаток ми оставија широките и чисти плоштади, на кои преку викендот слободните уметници и занаетчии ги нудат своите уметнички ракотворби. А има, буквално од сe! Од уметнички слики, до керамика која е исто така заштитен знак во регионот.
Се наоѓа на стратешко место – во непосредна близина на границата со Франција и Швајцарија, а припаѓа на Германија. Преку викенд е најголем шопинг центар, а во текот на неделата студенстки центар. Шопинг центар е затоа што во неговата непосредна близина, а на самото тромеѓе има низа молови кои се поевтини од оние во Франција и Швајцарија. Студентски центар, е пак, поради тоа што во Фрајбург има неколку универзитети, и тоа сите престижни.
И додека преку ден во градот врви од луѓе  кои доаѓаат по работа, вечерите се посебна приказна. Не поради нешто друго, туку поради тоа што Фрајбург нуди нешто што другите градови го немаат. Големиот број на студенти што доаѓаат од цела Европа, му даваат поинаков шмек на градот. По улиците, кафулињата и рестораните има насекаде млади, облечени трендовски кои порачуваат дека Фрајбург е град на студентите.
За случајните намирници, како потписникот на овие редови најголем впечаток ми оставија широките и чисти плоштади, на кои преку викендот слободните уметници и занаетчии ги нудат своите уметнички ракотворби. А има, буквално од с*! Од уметнички слики, до керамика која е исто така заштитен знак во регионот. Големите стоковни куќи кои овде егзистираат на големо, а со што успеваат да ја задоволат шопинг хистеријата на голем број намирници, што домашни, што од соседна Франција и Швајцарија, се многу поевтини во однос на производите кои се нудат во малите брендирани бутици. Но, нема ниеден шопинг центар бев убав ресторан кој на менито ја има вкусната германска кујна. За нивниот ентериер не вреди да се пишува, тој треба да се почуствува. Овде, посебна приказна се пивниците кои ги има во голем број и кој се направени во германско – ирски стил. И, сите тие се мета на многубројните студенти кои привремено живеат тука, и на нивните пријатели кои во голем број доаѓаат да ги посетат.
Па така, во Фрајбург покрај тоашто можете убаво да се најадете и ефтино да поминете, особено ако го почитувате “Happy Hour” тајмингот, можете да си направите и добар шопинг. Ноќите во срцето на Шварцвалд, во Фрајбург, се вистинска забава за сите оние кои сакаат да се забавуваат до раните утрински часови. Освен педесетината дискотеки, во градот кој за време на студентската година стасува и до бројка од 200.000 жители, има трипати повеќе ресторани. На репертоарот покрај трендовската музика, с* почесто може да се слушне и ориенталната, што во последно време станува хит и во Германија.
martinstorОна што е виста на градот и што потсетува на средниот век е градската катедрала која се смета за една од најубавите во Германија. Поставена во централното градско подрачје на стариот дел од градот, меѓу испреплетените улици со дуќани во кои се практикуваат традиционалните занаети и модерни бутици со брендирани марки, катедралата потсетува на историјата на Фрајбург. А таа, е долга и интересна. Економскиот бум на градот започнува од 1093 година кога војводата Бертол Трети забележува дека местото има геостратешка положба и дека претставува одлично место за развој на бизнис релации со други партнери. И така, Фрајбург станува централно место за купи-продај бизнисите од тоа време и се развива во голем трговски центар. Како подарок на градот семејството Бертол ја гради големата катедрала во центарот на градот, која е иста како и катедралата во Базел. По Втората Светска војна градот покрај тоа што е трговски центар, станува и еден од поголемите студентски центри во Германија. Во него е сместен еден од најстарите универзитети во Европа, со традиција долга 500 години.
Во Фрајбург, исто така, неможе да се “утне” ниту Историскиот музеј, старата и новата зграда на градското собрание, како ни некогашниот француски манастир, кој сега е реставриран и во кој се сместени сите невладини организации на градот. И за сето ова да го видите не ви се потребни повеќе од 7 часа, а не е потребен ниту туристички водич, бидејќи буквално с* е јасно нацртано и има патокази кои водат до сите важни туристички дестинации. За местото, пак, кое посакувате да го посетите, има проспекти на сите светски јазици.
За оние, пак, кои повеќе преферираат активен туризам, Фрајбург е како измислен за нив. Познатите туристички трговци, сега извештени во одлични туристички работници нудат с* и сешто за авнатуристите кои сакаат да го запознаат Шварцавалд и околината со прекрасните дворци и паркови. Една од најпосакуваните дестинации е планинарењето по падините Шаунсланд и виноградите на Туниберг. За оние помладите, пак, кои посакуваат вистинска забава, туристичките работници на Фрајбург секогаш им нудат незаборавен ден во забавниот Европа парк.