Нема да има задолжителни вакцини против коронавирус во Германија, изјави шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелгер Браун.
Тој во изјава за медиумите рече дека вакцинацијата ќе се спроведува на доброволна основа.
„Секако, добро би било да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, но сите ќе одлучат сами“, рече Браун.
Тој рече дека кога ќе има вакцина, а се надева наскоро, секој што сака да се вакцинира, ќе може.
„Кој не сака, мора самостојно да го сноси ризикот од зараза“, рече Браун.
Тој изрази надеж дека меѓу почетокот и средината на следната година, ќе има вакцина достапна за населението.
Тогаш, како што додаде, пандемијата ќе заврши.
„Откако ќе се појави вакцина, нема да има повеќе ограничувања и ќе се вратиме во нормален живот“, истакна Браун. А.Р.