четврток, декември 26, 2024
домаЖивотХидрогенот ги гризе бактериите и не е токсичен

Хидрогенот ги гризе бактериите и не е токсичен

Сите знаеме дека хидрогенот е добар за дезинфекција на раните, но малкумина знаат колку може да биде корисен во одржувањето на куќата. Еве како можете да се ослободите од бактериите и нечистотиите околу вас, а трошокот е само 30 денари.

Трипроцентниот хидроген пероксид е одличен за чистење на сите работни површини во кујната, бидејќи ги убива бактериите и не е штетен за здравјето. Но, не е само погоден за во кујна. Со хидрогенот можете да исчистите или дезинфицирате и средствата кои секојдневно ги користите. Натопете ги очилата за сонце или облеката во вода со трипроцентен хидроген или попрскајте ги со течноста. Можете исто така да ја дезинфицирате внатрешноста на фрижидерот, доволно е само да ги избришете сите полици каде што ја држите храната.

Со хидроген пероксид дезинфицирајте ја даската за сечкање. По употреба, исплакнете  ја и испрскајте ја со хидроген.
Добро е повремено да се измие и машината за миење садови и садовите со оваа течност: ставете 60 мл хидроген пероксид заедно со детергентот за машината и ќе добиете чиста и безбедна за употреба машина за миење садови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ