Еден од најздравите народи во светот е малиот народ кој живее во планинската област во северниот дел на Пакистан, во близина на границата со Авганистан, Кашмир и Кина. Хунзеите тврдат дека се потомци на Александар Велики, а се повеќе слични на Европејците отколку на другите азиски народи. Во последните децении има многу посетители од целиот свет кои доаѓаат да го видат ова чудо од народ.
Тие не се мит, туку живеат на “покривот на светот”
Една причина за ова е нивната специфична младост, отпорноста на разни болести, вклучувајќи го и ракот, а што е потврдено со нивниот просечен животен век од околу 100 години, иако многумина од нив живеат од 110-120 години. Денес има околу 30.000 Хунзи, и иако не постојат пишани докази меѓу нив раскажуваат дека има поединци кои живееле и по 160 години.
Оваа мала, среќна и љубопитни заедница живее на надморска височина од околу 3.000 метри, а се вели дека кај Хунзите невозможно е да се погоди на која возраст се, бидејќи обично изгледаат два пати помлади.
Ниту научниците не се сосема сигурни како е тоа можно, а самите луѓе тврдат дека тајната на нивната младост и имунитет лежи во здравите навики.
Раѓаат и до 65-тата
Иако е познато дека плодноста кај жените драстично се намалува по 40-годишната возраст, кај Хунзите ова правило не е толку строго и постојат примери на жени кои родиле и во 60-тите години, бидејќи кај нив и менопаузата се јавува подоцна во животот. Тие му се заблагодаруваат на животот со мал стрес, многу секс и најдобра диета во светот.
Пливаат во мраз вода
Факт е дека Хунзите ретко се разболуваат, не само од хронични болести како што се рак, дијабетес или срцеви заболувања, туку ретко се заразуваат и со вируси како грипот, на пример. Научниците шпекулираат дека зад сето ова стојат многубројни методи со кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и е познат како искапат Хунза без а еден од нив е бањањето во сосема ледена вода.
Редовно постат
Специјално за Хунзите е дека јадат само она што го одгледуваат – не прифаќаат увезена или индустриски произведена храна. За научниците ова е уште една од тајните на нивната долговечност.
Тоа е земја со најмногу жители кои ја преживеале стогодишнината. Ги има над шест илјади. Тие се хранат со свежо овошје и зеленчук, ореви, јадат многу суви кајсии, различни житни култури (главно просо, леќата и јачмен), мешунки и помалку овчо сирење, млеко и јајца, Еден дел од годината не јадат ништо помеѓу два и четири месеци, само пијат сок од суви кајсии. Тоа е традиција од античките времиња која до ден денес се почитува и се одвива во време од годината кога овошјето се уште не е зрело.
Семињата од кајсија се богати со витамин Б-17 кој дејствува против ракот, а тие произведуваат и масло од нејзините семиња. Сепак, тоа се екстремно мали дози кои инаку може да бидат опасни по живот. Тука дури има и престиж дека семејството кое има повеќе кајсии е пореспетктирано. Тие веруваат дека имаат силно либидо, долгорочна плодност и виталност.
Многу одење и смеење
Хунзите поминуваат најголем дел од своето време во природа, на свеж воздух. Постојат бројни научни студии кои ги потврдуваат придобивките од ваквите практики, а Хунзите пешачат околу 20 километри на ден. Покрај тоа, ништо не може да се спореди со одење природно нерамен терен со часови, што е дел од нивниот секојдневен живот.
Додека во остатокот од светот луѓето се “под норма” и под постојан стрес, Хунзите практикуваат медитација. Што се однесува до одморањето, тие им веруваат на нивните инстинкти, едноставно одмарајќи се секогаш кога чувствуваат дека им е потребно.
Иако многу пријателски, членовите на оваа група налуѓе имаат навика неколку часа на ден да останат сами, најчестокога тие медитираат, односно кога им се посветуваат на своите мисли.
Погледнете го видеото: