петок, јули 26, 2024
домаИВАП крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за...

ИВАП крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош 

Членките на Асоцијацијата ИВАП кои се директно вклучени во индустријата за организација на настани, реагираат и се крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош објавени од Владата на РСМ. 
-Имено, во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани и за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по 
кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат? Дополнително што Владата покажа целосно непознавање на нашата индустрија и измеша компании за настани, маркетинг агенции, продукции, едукатори, културни работници. Да потсетиме, настаните беа први забранети и тоа на 28 февруари 2020 година, како ПРВА мерка за спечување на ширење на пандемијата. Точно цела година се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми. Јавните настани не се дозволени, но очигледно тоа не доволна причина Владата да не гледа како загрозена индустрија. Ние сме можеби единствените кои сеуште не можеме да работиме – реагираат од ИВАП.
Како што посочуваат, изминатиов период имале средби со владини претставници на кои разгледувале повеќе модели за помош, давале конструктивни предлози како да се надмине кризата и добиле впечаток дека се разбрани, но сега, како што велат, гледаат дека не само што не се разбрани, туку ќе бидст употребени и втурнати во една нејасна ситуација, во која веројатно заради недефинирани критериуми ќе има место само за одбраните.
-Навистина не ни е јасно зошто не се обидоа да изнајдат квалитетно решение и да ги дискутираат предлозите со нас, пред да ги објават, особено што ИВАП е единствената Асоцијација на компании за организација на настани која се понуди како конструктивен партнер во целиот процес. И на крајот прашуваме, за какви настани зборуваме кога не се знае до кога ќе важи забраната за јавни собирања? Дали Владата знае нешто што не ни го соопштува? – велат од ИВАП.
Објавениот пакет мерки не претставува воопшто помош за индустријата за организација на настани, туку фрлање трошки, реагираат, додавајќи дека “Најмалку што очекувавме е да ни помогнат да го рестартираме истоштениот сектор, да ни овозможат да се вратиме на пазарот и да продолжиме да работиме а со тоа и да придонесуваме во буџетот како и пред пандемијата.”
-Задоволни сме што по речиси една година од забраната за работа конечно секторот е препознаен, но сакаме јавноста да знае дека мерката 11 предложена од Владата не е воопшто помош за нашата индустрија ниту може да помогне во надминување на сегашната состојба. За жал Владата се однесува по принципот на мајка-маќеа и ни покажува дека воопшто не ја засега иднината на нашите компании. Во периодот што следи ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно, сé со цел да ја спасиме нашата индустрија – велат во реакцијата од ИВАП. А.Н.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ