петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеИзвршниот директор на СЗО повика на единство и солидарност ако сакаме да...

Извршниот директор на СЗО повика на единство и солидарност ако сакаме да го победиме корона вирусот

Извршниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на денешната прес конференција на самиот почетокот индиректно одговарајќи му на Трамп за обвинувањата дека Светската Здравствена Организација затаила во спречување на ширење на епидемијата, одговори што се прават. Тој ги спомна  сите алатки што СЗО ги прави за правилно информирање на граѓаните, но паралелно со тоа и направената едукација за голем број на доктори што ги едуцирале на темата.

СЗО, рече тој со концерт на Лејди Гага ќе го зајакнува моралот на граѓаните од корона вирусот. Концертот е закажан за понеделник и ќе се емитува он лајн, а пејачката ќе ги донира средствата за борба против вирусот.

„Ова  е нов вирус и многу луѓе не знаеја како да дејствуваме, а нема да знаеме ни во иднина. Овој вирус е многу пофатален од обичниот грип.„- рече Тедрос Адханом Гебрејесус.

Осврнувајќи се на, како што рече „злоупотребата“ на вирусот за сопствени цели, тој апелира и порача:

„Ви советувам две работи, на национално ниво е неопходноста од единство меѓу сите, сите политички партии да се соединат и да не се политизира состојбата со вирусот. Мојата куса порака е – Не го политизирајте ковидот, единството во вашата земја ќе биде најголемиот одговор на ковидот…Сите оние кои нема да го почитуваат ова ќе влезат во поголеми кризи.

Второ, глобалната солидарснотс е многу важна. Ако имаме солидарност и единство на национално ниво, многу полесно ќе стасаме до глобално единство…

Доколку не се соединиме, вирусот ќе не победи. Изгубивме повече од 60000 жители од цел свет, имаме повеќе од милион заразени, ако тоа не довлно, тогаш не знам што треба да направиме…

Мојот совет е национално единство, без политизација на ковид и солидарност на глобално ниво…“

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ