сабота, ноември 16, 2024
домаНасловнаКинa во страв од „нов Вухан“ - 10 милиони жители на градот...

Кинa во страв од „нов Вухан“ – 10 милиони жители на градот Харбин во изолација

Кинеските власти наредија целосна изолација на градот Харбин, на границата со Русија, за да се спречи појава на епидемија на корона вирусот. Харбин има население од околу 10 милиони. Откако студент се вратил од Њујорк и се верува дека заразил „повеќе од 70 лица“, кинеските власти наредија строги мерки во Харбин, северо-источна Кина. Официјалните лица забрануваат какви било собири и наредија контроли врз целото население, а беа поставени скенери и термални камери на аеродромот и железничката станица.

Сè потсетува на Вухан, епицентарот на корона вирусот, од каде се започна. Вухан, град со околу 11 милиони луѓе, по строга изолација, сега има само двајца пациенти заразени со вирусот Ковид-19, но сега проблемот се појави во Харбин (град каде се прават спектакуларни фигури од мраз).

Повеќе од 70 лица се заразени и над 4.000 тестирани во Харбин, а за инфекцијата се смета дека ја „донел“ студент кој се вратил од Њујорк.

Пред да влезат во каква било јавна или станбена зграда, граѓаните мора да се подложат на мерење на температурата и исто така мора да покажат апликација направена од здравствените власти со која докажуваат дека не се заразени. Тие исто така треба да ги почитуваат мерките за социјална дистанца, а забранети се јавни собири – свадби, погреби, манифестации …

Сите оние кои покажуваат симптоми, мора веднаш да бидат ставени во карантин. И сите нивни соседи, доколку живеат во станбена зграда, исто така, мора да останат во домовите најмалку две недели, при што полицијата контролира дали ја почитуваат оваа забрана.

Оние кои доаѓаат од странство веднаш се испраќаат во 28-дневна изолација. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ