четврток, декември 19, 2024
домаЖивотКолку е безбедно да одите на трчање за време на пандемија?

Колку е безбедно да одите на трчање за време на пандемија?

Речиси и да нема рутина во секојдневниот живот што не е засегната од ширењето на вирусот КОВИД-19. Сè построгите мерки што ги воведуваат властите за да се вратиме во нормален живот што е можно поскоро, се однесуваат и на групирање – сега не повеќе од две лица. Фитнес центрите се затворени, а забрането е тренирање на отворено – во парковите. Меѓутоа, што кога станува збор за трчање на отворено?

Социјалното дистанцирање подразбира намалување на физичкиот контакт со други луѓе. Во ситуации кога е неопходно – како набавување намирници, се предлага растојание од најмалку 1,5м. За сите други намерни или ненамерни собири, експертите инсистираат на тоа да ги избегнуваме.

Концептот на социјална дистанца често се идентификува со самоизолација, што е погрешно. Во вториот случај, вие сте изолирани од сите неколку дена, ако сте позитивни на вирусот, ако сте биле во контакт со некој за кој е потврдено дека е заразен, или ако сте допатувале од некоја од ризичните земји.

Во случај на придржување кон социјалната дистанца, се смета за безбедно да се оди на отворено, но со придржување кон одредени упатства, пишува „Менс хелт“.

Напротив, се препорачува трчањето, затоа што е добро за менталната и физичката состојба.

Бирајте места на кои не очекувате да има луѓето.

Одете на трчање сами, не во групи.

Ако наидете на други луѓе, придржувајте се до пропишаното растојание.

Правилно одржувајте ја хигиената – сè уште не е јасно колку време вирусот може да преживее на различни површини, но се советува дека доколку одите на трчање треба да избегнувате пиење вода од јавни фонтани, да избегнувате притискање копчиња на семафори (каде што има) и да ги измиете рацете веднаш штом ќе влезете дома.

Се разбира – трчајте кога нема забрана за слободно движење, но тоа се подразбира.

Дали вирусот може да се пренесе преку пот?

Ако го одржувате пропишаното растојание помеѓу себе и некој друг тркач – нема од што да се плашите.

Досега е потврдено дека корона вирусот се пренесува по капчест пат – кашлање или кивање на заразените или допирање на контаминирани површини со рацете, по што, најчесто, несвесно, ги допираме лицето, очите, устата или носот.

Досега нема потврдени случаи на пренесување на вирусот преку пот, но тоа не значи дека не е можно и дека не треба да ги следите мерките на претпазливост потврдени од Светската здравствена организација.  А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ