сабота, ноември 16, 2024
домаНасловнаКоронавирус ширум светот: 18 земји надминаа шестцифрен број заразени

Коронавирус ширум светот: 18 земји надминаа шестцифрен број заразени

Вкупно 18 земји во светот го надминаа шестцифрениот број на заразени со коронавирус, кој се искачи на скоро девет милиони.

Според најновите податоци на „Worldometers“, досега се инфицирани 8,94 милиони луѓе со коронавирус, а нешто повеќе од 3,7 милиони се активни.

Во исто време, регистрирани се 467 илјади смртни случаи, додека закрепнале 4,76 милиони луѓе.

САД имаат најмногу заразени лица, дури 2,33 милиони, а потоа следува Бразил со нешто повеќе од еден милион, додека трета е Русија со 584 илјади заразени со коронавирус.

Досега се заразени 412 илјади луѓе во Индија, 303 илјади во Велика Британија, 293 илјади во Шпанија, 251 илјади во Перу, 238 илјади во Италија, 236 илјади во Чиле и 205 илјади во Иран.

Меѓу 18 земји со шестцифрен број на заразени се Германија (191 илјади), Турција (186 илјади), Пакистан (176 илјади), Мексико (175 илјади), Франција (160 илјади), Саудиска Арабија (154 илјади), Бангладеш (112 илјади) и Канада (101 илјади).

Далеку, најголем број смртни случаи е регистриран во САД, дури 122 илјади. На второ место е Бразил со 50 илјади, а следат Велика Британија (42 илјади), Италија (34 илјади), Франција (29 илјади) и Шпанија (28 илјади).

Меѓу осумте земји со петцифрен број на смртни случаи како резултат на коронавирус, има и Мексико со 20 илјади и Индија, каде животот го загубија 13 илјади луѓе. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ