сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСоцијална политикаКрик на жената - се огласија танцови групи, пејачи, поети и поетеси,...

Крик на жената – се огласија танцови групи, пејачи, поети и поетеси, уметници- против насилство врз жените!

Фотографии: Бибе Јордановска

Неодамна, во Клуб ресторанот МКЦ во Скопје по трет пат се оддржи Крик на жената – Меѓународен  фестивал на поезија и уметност (Woman Scream – International Festival for Poetry and Art), ширум светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional – MPI) кој потекнува од Доминиканската Република, а на меѓународно ниво е координиран од страна на поетесата Џаел Урибе (Jael Uribe), како Претседателка.

Националните координаторки за Македонија се поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова, со поддршка на здружението „Јустиција“, во заедница со координаторите/ките од преку 30 држави од целиот свет, меѓу кои: Доминиканската Република, Шпанија, Мексико, Пуерто Рико, Аргентина, Франција, Луксембург, Италија, САД, Белгија, Норвешка, Луксембург, Канада, Грција, Австралија и многу други.

Фестивалот оваа година се одржа во чест на мајките како водички на новите генерации, посветен на живот без насилство и родова рамноправност и во чест на мајките кои ги изгубиле своите ќерки, жртви на насилство. Мотото на меѓународниот фестивал оваа година е „Flashlights of Hope“ („Блесоци на надежта“).

Мотото на настанот во Македонија беше – „20 дена по 8. март и шчо напраифме“?

Фестивалот претставува светски синџир на настани во текот на сиот месец март, каде што поети и поетеси, уметници и уемтнички и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и рамноправноста на жените и испраќаат пораки на самодоверба и почит, но и го зајакнуваат гласот против насилството врз жените.

Целта е сосема јасна- да се крене гласот против насилство врз жената.

Оливера Доцевска зборува за целта на оваа манифестација:

-Фестивалот веќе по третти пат се оддржува во Македонија и станува традиција, а навистина наоѓа и одѕив , солидарност и поддршка во душата и срцата на уметниците и уметничките, организациите и луѓето, односно пошироката јавноста . Некои од јавните личности, граѓански организации и мрежи како Македонската платформа против сиромаштија и Цивил Центар за слобода се поддржувачи на Фетивалот и на нас како Национални Координаторки на Фестивалот и поетеси, од неговиот почеток во Република Македонија.Оваа година кругот на пријатели на Фестивалот се прошири и зголеми и стануваме големо семејство кое меѓусебно се поддржува, се надеваме секоја година побројно.

Фестивалот стана крик, рамноправен крик на мажите и жените уметници, невладините организации и јавните личности на Македонија, кои едногласно и јасно на тој ден крикнуваат против насилство врз жената и за родовата рамноправност, а оваа година в чест на мајките кои ги изгубиле своите ќерки како жртви на фемицидот и во чест на идните генерации мајки и татковци кои ќе создадат живот без насилство. Изминатите две години на фестивалот учествуваа по 30 тина учесници и ученички, оваа година бројката е скоро двојно поголема , а бележит е интересот и на соседните земји , како и кај нашите колеги и колешки од целиот свет.

Таа истакнува дека особено е значајно што како дел и вовед во фестивалот оваа година на панел дискусијата проговорија и актвистки и претседателки на невладини организации кои имаат директен контакт со жртвите на насилството, па така на првиот дел од вечерта,  Билјана Дуковска од Македонската платформа за сиромаштија – МППП проговори за поврзаноста на насилството врз жената и сиромаштија, сиромаштија како сексистичката и влијанието на сиромаштијата како фактор плус на насилството врз жените, односно за малото востание кое ова година Македонслката платформа против сиромаштија го крена на национално ниво со свои пораки , маршеви и настани низ цела Македонија, Снежана Смилевска од Организацијата на жените Скопје за фактот дека насилството врз жените е и насилство врз децата, потребата за нивна заштита со отстранување на насилникот од дома, доследност на спроведувањето по ратификација на Истанбулската конвенција и потребата од дополнителни центри и ресурси за засолниште за жртви на насилство , а Наташа Доковска од Новинари за човекови права се осврна на фактот дека од 1996-97 година не е премногу општетството напреднато во насока на заштита на жртвите, дека напротив има една епидемија на насилстов  како и за модел за пријавување во медиумите за жртвите на насилство и за фемоид, потрага по сензационализам наместо сочувство, разбирање и заштита, подвлекува Оливера.

Организаторката  Елена Пренџова пак, ни објаснува како е одлучено манифестацијата да го понесе овој концепт:

-Мотото на фестивалот го избравме „20 дена по 8. март и шчо напраифме“ за да ја покренеме свеста дека промените во однос на правата на жените на општествено глобално ниво се одвиваат многу споро. Од тие причини битно е да се одржуваат и уметнички не само активистички настани за да потсетуваат дека потребни се промени кон подобро. оваа година темата беше гласот против родово базираното насилство и семејното насилство, а на Крикот на жената во Македонија против ова насилство се огласија танцови групи, пејачи и пејачки, поети и поетеси, како и ликовни и концептуални уметници и уметнички.

Во богатата програма учестуваа панелистките: Билјана Дуковска  од Македонска Платформа против сиромаштија – МППС, Љатифа Сиковска од НВО Амбрела, Снежана Смилевска од Организација на жени Скопје , Наташа Доковска од Новинари за човекови права; Студио за танц „Вајб“ со модерен танц во кореографија на Милена Манева, како и салса перформанс во кореографија на Коста Андонов и Марта Арсовска; балетскиот перформанс на композиција на композиторката Дарија Андовска за фиксен медиум, во  кореографија на Елена Антонова Петровиќ и  изведба на ученици и ученички од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и студенти и студентки од ФМУ (балетска педагогија); поетите и поетесите: Стефан Митиќ и Богосав Пејиќ од Лесковац, Србија, Немања Стојковиќ – Блеки  од Врање, Србија, Даниел Кубас Ромеро од Перу, Атанас Чупоски, Анета Василева, Пунторие Муча Зиба, Ирена Јурчева, Сања Атанасовска, Ана Љубиќ, Елена Пренџова, Џабир Дерала и Оливера Доцевска од Македонија; пејачот и пејачката Игор Узунов и Валентина Ѓоргиевска Парго, а  модна ревија имаа  модната креаторки Сара Реџиќ – Студио Сари Г, изложба на накит на Емануела Трајчевска, изложба имаа ликовните уметници Јана Манева Чупоска, Иванка Баскар Апостолова, Тони и Еми Тоциновски, Лара Ташковска Ларсон, како и изложба на уметничка фотографија на фотографот Цветан Гавровски.

Фестивалот го поддржaа: UN Women, Градоначалникот на Општина Центар и Општина Центар, МКЦ Клуб ресторанот, Македонската платформа против сиромаштија – МППС, Tурското здружение YEN? Yildiz TЬRK Derne?i „НОВА ЅВЕЗДА”, НВО „Амбрела“ – Скопје, Организација на жени Скопје, Новинари за човекови права, уметничкото студио „Фантаст“, студиото за танц „Вајб“ Скопје, Студио Сари Г, Цивил Центар за слобода, Јустиција и порталите civilmedia.mk и budnost.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ