Заменик директорот на институтот за вирологија во Вухан, Хуан Џиминг, ги негираше тврдењата дека корона вирусот настанал во лабораторијата во градот, велејќи дека станува збор за „теорија на заговор создадена за да ги збуни луѓето“.
Во интервјуто за државната телевизија ЦГТН, тој исто така ја отфрли можноста новиот вирус да е создаден од луѓето.
“Јасно знаеме какви истражувања се прават на Институтот и како се управува со вирусот и примероците. Не е можно вирусот да дошол од нас”, рече Хуан.
Тој рече дека е сигурен во тоа затоа што лабораторијата имала строги правила и регулативи, објави „Ен-би-си Њуз“.
Тој рече дека разбира дека некои луѓе ја поврзуваат пандемијата со неговата лабораторија затоа што е сместена во Вухан, но истакна дека не е во ред „намерно да се доведат во заблуда луѓето“ со информации „целосно засновани на шпекулации без докази“. А.Р.