четврток, октомври 10, 2024
домаКУЛТУРАТеатар и ФилмЛетната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

Летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ му даде крилја

Со концерт на „Пијан Славеј“ вечерва од 21 часот продолжува програмата на летната сцена „Славиша Кајевски“ во МНТ, која веќе е на половина од предвидениот репертоар до затворањето на 2 октомври.

-Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар. Не сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика – велат оттаму.

Следните настани се исто така концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се: 25.9 – „Кец на десетка“, 26.9 – „Не се клади на Енглези“, 27.9 – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1.10 и свеченото затворање на летната сцена ќе биде заокружено на 2.10 со култниот рок бенд „Архангел” –  Македонски подобро звучи Едиција 4. 

Сите настани се со почеток во 21:00 часот, а билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, која отвора секој работен ден од 12:00 часот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ