четврток, мај 30, 2024
домаЖивотЗдравјеМоже ли да се заразите додека патувате со авион?

Може ли да се заразите додека патувате со авион?

Луѓето што патуваат со авион, а страдаат од некоја акутна респираторна болест, многу веројатно ќе инфицираат и неколку сопатници. Луѓето кои се во близина на инфициран патник имаат 80 проценти веројатност да го „фатат“ вирусот, а кај сите други патници во кабината на авионот веројатноста е помалку од три проценти. Според претходни студии, во опасност од зараза биле сите патници кои седеле до два реда пред и зад инфицираното лице.

Научниците внимателно ја следеле состојбата на заразените патници на 10 интерконтинентални летови за да утврдат колкава е можноста за инфицирање на други патници со респираторни инфекции, како што се САРС и грип, болести кои се пренесуваат преку говор, кивање и кашлање.

Честичките на вирусот притоа остануваат во затворениот простор и стануваат можен извор на зараза. Во нив има многу инфективни честички. Инаку, во капка плунка, при кивање, има до 10.000 инфективни дози.

„Истражувањето не ги поддржуваат традиционалните верувања според кои само еден човек кој кива или кашла, во било кој дел на кабината на авионот, ги инфицира сите патници на летот“, вели д-р Роберт Глатер од Ургентната болница „Ленокс Хил“ во Њујорк, кој не учествувал во студијата.

Резултатите од спроведените истражувања покажаа и дека членовите на кабинскиот екипаж кои страдаат од некои заразни болести на респираторниот систем, просечно заразуваат околу 4,6 патници по лет.

„Затоа е важно кабинскиот екипаж да не работи во таква состојба“, велат американските научници.

Брисеви за респираторни вируси земени и од сигурносните појаси и подвижните маси на авионите, биле негативни, укажувајќи на тоа дека заразните болести на дишните патишта се шират со кивање и кашлање, но не и преку честички кои паѓаат на различни површини во авионот.

„Треба да се внимава да се мијат рацете или да се користат влажни марамчиња со средства за дезинфекција и антисептици“, вели Глатер.

Истражувањето беше спроведено од страна на научници од два универзитети, Емори и Технолошкиот институт на Џорџија, а резултатите се објавени во стручното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“  (PNAS).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ