петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеНа кои површини и температури најдолго опстојува корона вирусот

На кои површини и температури најдолго опстојува корона вирусот

Во состојба на епидемија и зголемена внимателност добро е да се знае на коиповршини и во кои услови опстојува коронавирусот со цел подобро да се заштитиме од негово пренесување.

Иако постојано се повторува и од здравствените работници и преку медиумските кампањи дека превентивата е еден од најважните фактори во сузбивање и контрола на коронавирусот, пред се хигиената на рацете, треба да се додаде дека е важно редовно одржување на хигиената на просториите во кои престојување и уредите и предметите кои ги користиме.

Знаете дека корона вирусот се пренесува преку директен контакт со респираторните капки од заразено лице – кои настануваат со кашлање и кивање, и со допирање на површините што се контаминирани од вирусот. Малку загрижува фактот дека вирусот КОВИД-19 може да преживее на одредени површини неколку часа, иако може да се уништи со едноставни средства за дезинфекција.

Научно е докажано дека корона вирусот се задржува на различни површини во различни временски интервали, а одредена температура придонесува за негово преживување.

Светското здружение за заштита на здравјето  од инфекции во своето онлајн издание „Journal of Hospital Infection“ ги објави резултатите од официјалното истражување, во кое се открива колку корона вирусот може да се задржи на одредени површини и на кои температури.

На челик коронавирусот останува од осум часа до пет дена, во зависност од тоа дали температурата е ниска (околу четири степени Целзиусови) кога останува подолго, или повисока (на 20 степени до 48 часа, а на 30 степени од осум часа до еден ден). Примери: ножеви, медицинска опрема, Ајфон…

Коронавирусот на алуминиум останува два до осум часа на температура од 21 степен, а може да преживее и до пет дена на други метали. Примери: прозорци, очила, паметни телефони, компјутери, гаџети …

На дрво коронавирусот се задржува до четири дена на собна температура, а до пет дена на иста температура на хартија. Примери: прозорци, маси, врати, столици…

Короната на стакло може да преживее и до четири дена на собна температура, на пластика до девет дена, додека во просек се задржува до пет дена. На температура од 30 степени короната на пластика останува од осум часа до 24 часа, а на температура од 20 степени и до 48 часа. Примери: очила, компјутери, прозорци, автомобили, згради, телевизори, маси, телефони …

ПВЦ исто така му годи на корона вирусот, на која при температура од 21 степени останува до пет дена.

На силикон короната се задржува до пет дена на собна температура, а на хируршки ракавици и латекс воопшто до осум часа. Пример: маски за телефони, калапи за печење, додатоци за домот, прибори за готвење и печење…

На различни медицински материјали од ткаенини за еднократна употреба – капи, мантили, папучи, маски, наметки – коронавирусот опстојува од еден час до дури два дена во зависност од температурата.

И на крај, на керамика и на тефлон корона вирусот опстојува до пет дена!

Корона вирусот, кој ги напаѓа луѓето, во состојба е да преживее во затворено до девет дена на собна температура. Со зголемувањето на температурите, истрајноста на вирусот и неговото опстојување се намалуваат, но не толку за да може да се истреби веќе на 30 степени и блиски температури. Откриено е дека форма на вирусот што ги напаѓа животните во исти услови може да преживее и до 28 дена!

СЗО т.е. Светската здравствена организација препорачува редовно проветрување на просториите и дезинфекција на површини кои најчесто се користат и допираат, особено во области каде живеат заразени лица. Просториите треба да се чистат со конвенционални раствори за дезинфекција, кои се сигурен борец во контрола на ширењето на вирусот. Исто така, хигиената на уредите, особено мобилните телефони и компјутерите е многу важна, и секако да потсетиме на потребата од често и темелно миење на рацете и избегнување на допирање на лицето, носот и устата. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ