четврток, мај 23, 2024
домаЖивотЗдравјеНамирници со цинк за силен имунитет

Намирници со цинк за силен имунитет

Потребен за имунолошкиот систем на организмот, изградба на протеините и активирање на ензимите, цинкот е еден од најважните минерали во телото. Овозможува нормален раст, развој и полно созревање.

Луѓето кои често се на диета, не јадат месо и млечни производи, како и постарите лица со хронични болести, се во ризичната група која страда од недостаток на овој минерал.

Храна која може да го надомести недостатокот на цинк, вклучува краставици, зелена салата, маслинки, грашок, кикирики, бадеми, јагнешко, говедско, телешки црн дроб, јајца, сирење, млеко и јогурт. Освен ослабен апетит, постојат неколку знаци дека вашето тело нема цинк.

Индикатори

Ако настинките ве „напаѓаат“ една по друга, постои можност дефицитот на цинк да предизвикал пад на имунитетот. Дури шест проценти од вкупниот внес на цинк се наоѓа во кожата. Некои студии покажаа дека луѓето кои страдаат од акни често немаат доволно цинк во телото. Цинкот игра главна улога во производството и ослободувањето на хормонот мелатонин. Затоа, премалку од овој минерал доведува до проблеми со спиењето.

Ниски нивоа на тироидни хормони може да покажат дека телото не апсорбира доволно количество цинк, што е поврзано со губење на косата.

Многу студии покажаа дека терапијата со цинк може да помогне да се забави когнитивниот пад, но исто така и дека неговиот недостаток може да го забрза текот на болеста.

Месо и школки

Се верува дека доволна дневна количина на цинк може да се обезбеди со разновидна исхрана. Најдобри се природните извори на цинк, месо (вклучувајќи црвено месо и живина, особено говедско месо, мисиркино и црн дроб), риба и други морски плодови, особено остриги и други школки, ракови и туна.

Значајни извори на цинк се млекото и млечните производи, јајцата и интегралните житарки. Иако искористеноста на цинк од растителната храна е многу помал отколку од онаа од животинско потекло, не занемарувајте ги растителните извори на цинк: јаткасти плодови, грашок, грав, соја и соино сирење – тофу, пивски квасец, пченични никулци, семки од тиква и други семки. Секако  збогатете ја вашата исхрана со различни овошја и зеленчук, кои исто така содржат цинк.

Цинкот посебно треба да се зема во зимските месеци, и тоа непрекинато шест до осум недели. Искуството покажало дека на слузокожата на грлото и носот се создава бариера која спречува вирусите на грипот да продрат понатаму во телото.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ