сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЗдравјеНаучниците потврдија: Алергијата на кикиритки е излечива!

Научниците потврдија: Алергијата на кикиритки е излечива!

Лекарите тврдат дека науката е на пат да ја излечи алергијата на кикирики со хранење на децата со она што нивното тело го одбива, и така градејќи толеранција која може да им го спаси животот. Во ова научно истражување се користени мали дози на прав од кикирики кој оние алергични на него го земале во текот на неколку месеци, и кој можел да доведе до толеранција на потенцијално смртоносната алергија.

По шест месеци од третманот, имунотерапијата, 84-91 проценти од децата успешно можеле да толерираат дневна доза (800 mg) кикирики во прав, што е еквивалентно на пет парчиња кикирики. Ова е 25 пати повеќе од она што децата можеле да толерираат пред третманот и многу повисока од некои случајни на кои реагирале.

“Истражувањето им дозволи на деца со различни видови на алергии да јадат големи количини на кикирики, ослободувајќи ги нив и нивните родители од стравот од потенцијално фатална алергиска реакција”, вели водечкиот истражувач Ендрју Кларк од Универзитетот во Кембриџ.

Студијата вклучувала 99 алергични деца од седмата до 16-та година. Едно од пет деца на имунотерапијата реагирало со чешање во устата, велат авторите.

Важно е да се знае дека ваквиот алергиски третман на кикиритки не треба да се пробува дома.

Алергијата на кикирики е доста честа појава и ја има секое педесетто дете. Таа е многу фатална и може да предизвика смрт. Речиси 10 милиони луѓе во светот се алергични на кикиритки. Симптомите се движат од благи до тешки, од отечени усни и недостаток на здив до анафилактичен шок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ