петок, ноември 15, 2024
домаЖивотЗдравјеНови 103 заболени, 5 починати, 13 оздравени од Ковид-19

Нови 103 заболени, 5 починати, 13 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

– Скопје 46
– Куманово 6
– Штип 6
– Прилеп 2
– Тетово 17
– Струга 9
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 3
– Кавадарци 1
– Гостивар 1
– Струмица 1
– Свети Николе 1
– Ресен 6

Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти и тоа во:

– Скопје 10
– Прилеп 2
– Тетово 1

Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ