сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеНови 125 случаи на заболени, двајца починати, 8 оздравени од коронавирус

Нови 125 случаи на заболени, двајца починати, 8 оздравени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

– Скопје 46
– Kуманово 19
– Штип 17
– Прилеп 1
– Тетово 16
– Струга 7
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 5
– Гостивар 6
– Кочани 1
– Делчево 1
– Неготино 2

Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти и тоа во:

– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 4
– Свети Николе 1

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ