Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, во:
– Скопје 85
– Куманово 24
– Дебар 3
– Штип 5
– Прилеп 3
– Тетово 18
– Струга 5
– Охрид 9
– Гостивар 2
– Гевгелија 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
– Валандово 1
– Свети Николе 2
– Ресен 2
– Неготино 1
Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во:Скопје 3,Прилеп 6,Струга 1,Велес 1В,Виница1.
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. А.Р.