Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти министерството за здраавство.
Синоќа беше регистрирана втората жртва од коронавирусот, 63-годишен пациент од Дебар кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Претходно почина 57-годишна пациентка од Куманово кај која вирусот беше потврден посмртно, откако двете претходни тестирања биле негативни.
Според место на живеење бројот на новодијагностицирани во изминатите 24 часа е најголем во Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136 лица. А.Р.