сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеНови 23 заболени, еден починат, 9 оздравени од КОВИД-19

Нови 23 заболени, еден починат, 9 оздравени од КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

– Скопје 12
– Куманово 4
– Прилеп 2
– Тетово 4
– Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 24018 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47 годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид, а потврден позитивен денеска.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти и тоа од:

– Скопје 3
– Прилеп 1
– Струга 1
– Велес 3 – Кочани 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ