сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеНови 37 случаи, 11 оздравени од коронавирус во изминатото деноноќие

Нови 37 случаи, 11 оздравени од коронавирус во изминатото деноноќие

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот  за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти и тоа од  Скопје 2, од  Прилеп 7 и од Велес 2.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19. Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа од:

– Скопје 12
– Куманово 8
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 7
– Струга 4
– Охрид 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ