Кората од компирите, морковите … врвчињата од доматите … за нас се ѓубре, а за овој готвач се главни состојки за вкусни јадења. Доминик Флетнер е штедлив германски готвач – тој никогаш не фрла ништо кога сецка, лупи … Буквално ништо!
Кога ќе го излупи компирот од кората прави чипс, врвчињата од домати ги става во супа, а стебленцата од брокула ги сече на ленти и ги похува.
Флетнер (45) е главен готвач на хотелот „Сејл сити“ во Бремерхавен, а гостите ги обожуваат неговите јадења и штедливиот однос кон готвењето.
„Во почетокот беше комплицирано“, вели овој готвач, додавајќи дека за четири години, колку што работи во овој хотел, заштедил скоро 2.000 литри прехранбен отпад.
Според податоците со кои располага американската Организација за храна и земјоделство, околу една третина од храната што луѓето ја купуваат на глобално ниво завршува во ѓубре. Ова значи дека на светско ниво околу 1,3 билиони тони храна секоја година се фрла!
Годишно само во Европа се фрлаат околу 90 милиони тони храна, а во оваа сума не е вклучен земјоделскиот отпад и остатоците од риба.
Колку храна вие фрлате и дали воопшто размислувате за тоа?