домаМУНДИЈАЛ 2026Од легендарната Ацтека до футуристичкиот СоФај: Стадионите што ќе ја испишат историјата...

Од легендарната Ацтека до футуристичкиот СоФај: Стадионите што ќе ја испишат историјата на Мундијалот 2026

Светското првенство во фудбал 2026 ќе биде најголемото во историјата – со 48 репрезентации, 104 натпревари и три земји домаќини: САД, Мексико и Канада. Натпреварите ќе се играат на 16 стадиони во 16 градови, а секој од нив има своја приказна и карактер.

Најголемо внимание привлекува легендарниот стадион Estadio Azteca во Мексико Сити, каде што се одиграа некои од најлегендарните моменти во историјата на фудбалот – титулата на Пеле во 1970 година и незаборавниот настап на Диего Марадона во 1986 година. Токму тука беше отворено и Светското првенство 2026, со што Ацтека стана првиот стадион во историјата што бил домаќин на три мундијалски отворања.

Финалето, пак, ќе се игра на MetLife Stadium, стадион со капацитет од над 82.000 гледачи, кој за време на турнирот ќе биде познат како „New York New Jersey Stadium“. Ова модерно спортско здание веќе има искуство со организирање на најголемите спортски настани во светот.

Меѓу најимпресивните арени се и SoFi Stadium во Лос Анџелес, вреден повеќе милијарди долари, како и Mercedes-Benz Stadium, познат по својот подвижен кров и футуристички дизајн.

Во САД натпревари ќе се играат и во Далас, Хјустон, Мајами, Сиетл, Филаделфија, Бостон, Канзас Сити и Сан Франциско, додека Мексико ќе биде претставено со стадионите во Гвадалахара и Монтереј. Канада ќе ги пречека навивачите во Торонто и Ванкувер.

Ф. С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ