сабота, јули 27, 2024
домаОмикрон пристигна во Грција: Откриен прв случај на Крит!

Омикрон пристигна во Грција: Откриен прв случај на Крит!

Во Грција е откриен првиот случај на новиот сој на коронавирус омикрон, потврди денеска министерот за здравство на таа земја Танос Плеврис. Тој рече дека е заразен грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужна Африка. Министерот Плеврис истакна дека се почитувани сите протоколи за карантин и протоколи за мониторинг.

За потсетување, првите случаи на инфекција со омикрон ги пријавија Португалија, Швајцарија, Данска, Холандија, Австрија, Германија, Чешка, Италија, Велика Британија и Белгија. Покрај во европските земји, новиот сој е потврден и во Австралија, Боцвана, Канада, Хонг Конг и Израел.

Вчера Србија на седница на Кризниот штаб донесе нова мерка за забрана за слободен влез на патници од ризичните земји. На листата се Јужна Африка, Малави, Боцвана, Намибија и Зимбабве, а на патниците од овие земји на аеродромот ќе им врши ПЦР тест. Доколку се негативни, ќе бидат во карантин 14 дена, со обврска седмиот ден да направат уште еден ПЦР тест. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ