сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотПочина Драган Вучиќ по компликации од коронавирусот

Почина Драган Вучиќ по компликации од коронавирусот

Познатиот македонски музичар, композитор, тв водител и шоумен Драган Вучиќ (65) почина утринава од коронавирусот на Инфективната клиника каде бил хоспитализиран пред осум дена.

Тој бил со влошена состојба лекуван на одделението за интензивна нега, но со многу тежок наод на белите дробови, и за жал, му подлегнал на вирусот и покрај напорите на лекарите, потврди министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Драган Вучиќ е роден во Скопје во 1955 година. Потекнува од музичко семејство. Неговиот татко бил член на „Танец“, како и Пеце Атанасовски татко на неговата сопруга Весна, а денеска на чело на националниот ансамбл е нивниот син Мартин. Вучиќ имаше плодна музичка кариера, која ја почна во групата „Кода“ („Ника, ника“, „Јана, Јана“), па продолжи во „Тавче гравче“, со која имаа голем број хитови.Беше автор на повеќе популарни песни како „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, „Make my day“ со која неговиот син Мартин настапи на Евровизија во 2005 година, „Свирете ја зајди, зајди“ што во негова чест е закачена на официјалниот Фејсбук профил на фестивалот „Макфест“. Вучиќ во 90-тите години од минатиот век беше вокал на групата „Кода“. Беше познат и надвор од границите на Македонија, по соработки со голем број музичари од Балканот – свирел на албумите на „Нови фосили“, Горан Бреговиќ, „Бијело Дугме“.

Од 90-тите години беше автор на многу емисии од забавен карактер, како „Вашите 5 минути“,„Среќни луѓе“,  „Возење со Вучиќ“, а последен негов ТВ-проект беше „Гурмански муабети“ сниман со познати музичари, актери и јавни личности низ балканските земји. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ