среда, декември 25, 2024
домаПоскапува ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ, од полноќ се менува цената бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно поскапува за половина денар по литар. Цената на другите горива останува иста.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС98 и понатаму ќе се продава за 62,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,062 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,763 ден/кг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ