Здружението на новинарите на Mакедонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) пред два месеца ја презентираа дигиталната платформа ЈАСНО.МК.
Целта на оваа платформа е новинари да создаваат квалитетни приказни кои што ќе донесат промена и што е најважно ќе ја презентираат информацијата до граѓаните кои се надеваме во иднина ќе знаат од каде да црпат точни и проверени информации од локален јавен интерес.
На платформата има опција секој граѓанин да пријави дезинформација од местото каде што живее или престојува, на следниот линк: https://jasno.mk/prijavi-dezinformacija