Турската компанија „Доган холдинг“ во четвртокот потврди дека почнала преговори со „Демирорен Холдинг“ околу продажбата на својот 890 милиони долари вреден медиумски огранок, а договорот се гледа како понатамошно зацврстување на медиумската поддршка за претседателот Таип Ердоган.
Акциите на „Доган холдинг“ и нејзиниот новинарски огранок „Хуријет Газетечилик“ се зголемуваат веќе втор ден по ред. Службеник од „Демирорен“, компанија за која се верува дека е сојузник на Ердоган, во средата откри за Ројтерс дека таа ќе ги купи медиумите на Доган.
Овој договор на „Демирорен“ кој веќе е сопственик на неколку провладини весници, ќе му даде контрола над неколку истакнати медиумски компании, вклучувајќи ги весниците „Хуријет“ и телевизијата „Си-ен-ен Турк“.
„Доган холдинг“ и нејзиниот основач Ајдин Доган веќе долго време се сметаат за дел од турскиот секуларен естаблишмент. Ердоган во неколку наврати ја обвини компанијата дека е пристрасна против неговата исламистичка партија АК, кое таа го отфрли.
Корпорацијата во 2009 година доби 2,5 милијарди долари казна за неплатени даноци, а противниците на владата тоа го видоа како на обид за замолчување на критичарите на Ердоган. Ајдин Доган поради тоа беше принуден на „Демирорен“ да му ги продаде весниците „Милиет“ и „Ватан“ кои оттогаш зазедоа силен провладин став.
Продажбата на медиуми ја зајакнува контролата на Ердоган врз новинарите
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!