домаПромоцијата на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Скопско лето

Промоцијата на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Скопско лето

Промоцијата на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска ќе се одржи утре, 27 јули (вторник), со почеток во 12 часот во Музејот на македонската борба. Промотор е м-р Алмира Папиќ.

Алмира Папиќ е поетеса и прозаистка што пишува книги за деца и возрасни. Таа е авторка на неколку книги и е уредник на зборникот со поезија „Литературно шаренило на Балканот“.

„Приказни од Пајко маало“ од Марина Мијаковска е прозна книга инспирирана од културното наследство на градот Скопје. Во оваа книга Мијаковска преку дваесетина раскази напишани во неколку постмодернистички техники ни ги доловува значајните обележја на градот Скопје. Преку овие сугестивни прозни форми е отсликано културното наследство и значајните културни белези на градот Скопје, како што се: Скопското Кале, Аквадуктот, Камениот мост, Паркот „Ибни Пајко“ и старата градска населба Пајко маало итн. Приказните настануваат во срцето на Скопје, а преку ликот-наратор што е сезнаечки раскажувач, дедото Панајот, симултано се поврзуваат старите легенди за градот и се накалемуваат приказните од некогашното Пајко маало и сегашното урбано Скопје. Во оваа прозна книга Марина Мијаковска доста вешто се служи со наративните техники, приказните се разновидни по темата и содржината, но ликот на сезнаечкиот сведок и наратор дедото Панајот е игла преку која се надоврзуваат и поврзуваат сите различни кршотинки-приказни за Скопје во една поврзана и логична сукцесивна и компактна целина.

Промоцијата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ