недела, септември 8, 2024
домаНасловнаСенатот на Шпанија ќе гласа за влезот на Северна Македонија во НАТО...

Сенатот на Шпанија ќе гласа за влезот на Северна Македонија во НАТО на 17 март

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на нејзиниот официјален твитер профил објави дека на 17 март ќе заседава шпанскиот Сенат и ќе гласа за протоколот за НАТО.

-Одлична вест: И покрај редуцираните активности Сенатот на Шпанија одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО! Благодариме Шпанија!, напиша Шеќеринска.

Претходно, претседателката  на шпанскиот Сенат, Марија Пилар Лоп Куенса го ретвитна постот на официјалниот твитер профил, информирајќи дека на 17 март Сенатот ќе има единствена точка на дневниот ред – ратификација на Пристапниот протокол за Северна Македонија во НАТО, и ќе има комбиниран карактер. Членовите што се во можност ќе бидат присутни во пленарната сала на Сенатот, а оние што нема да можат поради коронавирусот, ќе учествуваат и ќе гласат преку видео-конференција.
Н.С.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ