Путин ја поддржа претседателската кандидатура на Камала Харис

0
73

Рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата поддршка за демократската кандидатка Камала Харис за американските избори во ноември.

„Американскиот претседател Џозеф Бајден им препорача на своите гласачи да ја поддржат г-ѓа Харис, па ние ќе ја поддржиме“, рече Путин на економскиот форум во Владивосток, пренесе Н1.

Путин додаде дека републиканскиот кандидат и поранешен претседател Доналд Трамп вовел бројни ограничувања и санкции за Русија.