четврток, декември 26, 2024
домаКујнаШест жртви во експлозија во хемиска фабрика во Чешка

Шест жртви во експлозија во хемиска фабрика во Чешка

Во фабрика за хемиски производи во Чешка се случи експлозија. Како што јави „Би-Би-Си“, најмалку шест работници загинале. Повеќемина се сериозно повредени.

Експлозијата се случила во хемиска фабрика, 30 км северно од Прага, јавија пожарникарите.

– Добивме информации за шестмина мртви и повеќе лица сериозно повредени – соопштено е од регионалната противпожарна служба, пренесе чешката агенција ЦТК.

Фабриката Синтос каде се случила експлозијата се наоѓа во местото Кралупи на Влтава. Болницата “Прага-Винохради” активираше план за вонредни состојби и се подготвува да прими „голем број“ пациенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ