сабота, јули 27, 2024
домаШведска има рекордни 9654 нови случаи на ковид-19, 100 лица починаа

Шведска има рекордни 9654 нови случаи на ковид-19, 100 лица починаа

Шведска, која е во центарот на вниманието поради својата лесна анти-пандемиска стратегија, во петокот забележа рекордни 9.654 нови случаи на коронавирус, покажаа статистичките податоци на здравствената агенција. Тоа е зголемување на бројот во споредба со четвртокот кога имаше рекордни 8881 новозаразени.

Во Шведска се пријавени нови 100 смртни случаи или вкупно 7.993 смртни случаи. Стапката на смртност во Шведска е неколку пати поголема од нејзините нордиски соседи, но пониска од неколку европски земји кои се одлучија за затворање.

Претходно неделава, шведска владина комисија заклучи дека земјата во голема мера не успеала да го заштити старото население во домови за стари и изнемоштени лица, но исто така и во други институции.

Шведска „потфрли“ во одговорот на пандемијата на коронавирусот, изјави во четвртокот кралот Карл Шеснаесетти Густаф.

“Мислам дека не успеавме. Имаме голем број смртни случаи и тоа е страшно”, рече кралот во документарецот за кралското семејство чиј исечок беше прикажан на јавната телевизија СВТ. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ