Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, е позитивен на корона вирусот, според официјалниот инстаграм профил на Александар Вучиќ.
– Кога се започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Моето првородено дете е заразено со вирусот корона, а неговата клиничка слика беше таква што беше примен на Клиниката за инфективни болести. Сине, ќе победиш. Тато те сака, сите те сакаме – напиша Вучиќ.
А, само пред неколку дена за ангажманот на синот Данило и ќерката Милица, кои волонтираат од прогласувањето на епидемијата, јавно говореше претседателот Вучиќ. На една од конференциите за печатот, Вучиќ изјави дека неговите деца им носат храна и основни работи на пензионерите.
Пред два дена и премиерката Ана Брнабиќ зборуваше на телевизија за хуманитарната работа на децата на Претседателот на Србија. Таа, исто така, покажа фотографија од волонтерството на Данило и Милица како носат помош за постарите граѓани.
Како се заразил синот на Вучиќ, нема повеќе информации.
Н.С.