домаЖивотЗдравјеСонот може да се надомести за време на викендите

Сонот може да се надомести за време на викендите

Подолг сон за време на викендите може да ги ублажи здравствените проблеми кои произлегуваат од недоволната количина на сон во текот на работните денови, па дури и да го намали ризикот од предвремена смрт, велат научниците.

Новата студија укажала на повисока стапка на смртност кај помладите и средовечните мажи кои ноќе спијат помалку од пет часа, но оваа разлика исчезнала кај оние кои успеале да го надоместат пропуштеното за време на викендите.

Утврдено е дека лицата помлади од 65 години кои спиеле помалку од пет часа секој ден (вклучувајќи ги и викендите) имале 65 отсто повисоко ниво на предвремен морталитет од референтната група која спиела шест или седум часа.

Интересно е што оние кои спиеле подолго од девет часа дневно исто така имале повисока предвремена смртност од референтната група.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ