сабота, јули 27, 2024
домаЖивотНВО активностиСредба во општина Кривогаштани во рамките на проектот “Низ женски леќи”

Средба во општина Кривогаштани во рамките на проектот “Низ женски леќи”

Во Општина Кривогаштани на денешната средба пред градоначалникот и членовите на Советот на општината беа презентирани извештајот од анализата на развојната програма на општина Кривогаштани подготвена од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, буџетските иницијативи како и препораките кои што ќе и дадат насоки на општината во нејзиното делување за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики и порграми и унапредување на процесот на родово-одговорно буџетирање.
Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР ги презентираше препораките од спроведената анализа, потенцирајќи ги позитивните исчекори што се направени од страна на општина Кривогаштани во изминатиов период во областа на промовирање на родовата еднаквост и родово-одговорно буџетирање во општината.
Претставник од Комисијата за еднакви можности на општина Кривогаштани ги сподели реализираните активности согласно програмата за еднакви можности и идните планови за зголемување на активностите во склоп на оваа програма, како и буџетот за нивна реализација.

Градоначалникот Николче Мискоски ги презентираше плановите на општината за создавање на еднакви можности за жените и мажите преку креирање на мерки и спроведување на иницијативи кои ќе придонесат кон намалување на родовата нееднаквост и промовирање на придобивките од родово-одговорно буџетирање.
Наташа Доковска од Новинари за човекови права ги сподели подготвените буџетски иницијативи, за кои Претседателот на Совет ја истакна поддршката од Советот на општината за реализација на предложените буџетски иницијативи.
Со денешната средба се заврши проектот за мониторинг на Родовиот аспект во развојните програми и буџет на општина Кривогаштани спроведуван од страна на локалниот партнер Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, кој што и во иднина ќе соработува со општина Кривогаштани за унапредување на локалните политики и буџет во областа на родовата еднаквост и родово-одговорно буџетирање.

Активноста е дел од проектот “Низ женски леќи” кој што го спроведува Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Рурална Коалиција/Rural Coalition, Journalists for human rights – JHR и EcHO Educational Humanitarian Organization, а истиот е финансиран од Европската унија.
#НизЖенскиЛеќи #ЕУсоТЕБЕ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ