четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеСтоматолозите никогаш не го јадат ова, немојте ни вие

Стоматолозите никогаш не го јадат ова, немојте ни вие

Многу намирници се опасни за здравјето на забите и непцата, еве која храна стоматолозите ја избегнуваат.

Некои сосема обични намирници и пијалаци се на забранетата листа на стоматолозите. Еве што не треба да јадете, заради здравјето на вашите заби:
Пуканки
“Многу луѓе доаѓаат кај мене во ординацијата, поради скршени заби кои „настрадале“ така што пациентот „налетал“ на половина испукано зрно пченка“, вели д-р Џонатан Ниман, стоматолог од Њујорк. “Опасни може да бидат и лушпите од пченката, кои често се заглавуваат помеѓу забите и непцата, повредувајќи ги чувствителните ткива и предизвикувајќи непријатна болка.”
Сушено овошје
Тоа е вкусно, тоа е добар извор на растителни влакна … и катастрофа за забите во најава. “Не само што е полно со концентриран шеќер, но, исто така, е многу лепливо, така што, секогаш кога јадете суво овошје, парчиња се лепат на нерамнините на површината на забите и предизвикуваат расипување на забите”, вели д-р Ниман, пренесува „Ридерс дајџест“.
Кафе со додатоци
Не само што кафето со шлаг, крем, чоколадо … е калорична бомба, туку има толку многу шеќер, што навистина штети на здравјето на вашите заби. “Ако постојано пиете вакво кафе со разни додатоци, особено ако густирате едно кафе еден час, постојано сте изложени на млеко и шеќер, и за време на толку долго време на организмот му е тешко да лачи доволно плунка, која е неопходна за да се справи со киселината која ја создаваат бактериите во нашата уста “, вели тој. “Плунката е еден од најважните заштитници на нашите заби, и ако во текот на еден час вашата усна шуплина трпи “напади” од шеќер кога испивате мала голтка, вашите плунковни жлезди не може да го издржат темпото.”
Семки
Неисчистените семки од било кој вид кои бараат прво да ги „крцнете“ со предните заби за да ги отворите може да предизвикаат оштетување на глеѓта, предупредува д-р Ниман.
Топла вода со лимон
Ако наместо првото утринско кафе пиете топла вода со лимон (односно ако полегнавте на ова лудило, кое веќе не е старата добра лимонада, туку “вода со лимон”), веројатно ќе треба да запрете. “Лимонската киселина ја оштетува глеѓта. Повторено и често
  изложување на забите на кисели пијалаци ќе доведе до трајно оштетување на глеѓта,” вели тој.
Мраз
Ако имате навика да го грицкате мразот од пијалаците, престанете да го правите тоа веднаш. Мразот е премногу тврд да се гризе. Ако го правите тоа, ќе предизвикаге мали фрактури на забите, и ако вашите заби се генерално слаби може да се случи и да се скрши некое парче, велат стоматолозите.
Дражеи од суво грозје прелиени со чоколадо
Вкусно и опасно за здравјето. Чоколадото е помалку опасно од сувото грозје, без оглед дали верувате или не. Сувото грозје е мала “шеќерна бомба”, покрај тоа е многу лепливо и многу убаво се лепи за вашите заби, или влегува во просторот меѓу забите. Во оваа комбинација, чоколадото е само “керозин” за “пожарот”, тоа е добра споредба за штетата што ќе ја направите на вашите заби, ако ова е ваше омилено слатко задоволство.
Конзервирани овошја
“Иако звучи како нешто здраво, бидејќи се работи за овошје, тоа е далеку од здраво. Конзервираното овошје е прелиено со сируп и има многу висока содржина на шеќер, што значи дека е само на чекор од бонбоните”, вели тој.
Гумени бонбони
Сите видови избегнувајте ги колку можете. Тие ги уништуваат забите, бидејќи се лепат и влегуваат во меѓупросторите, и колку повеќе ги јадете, толку повеќе киселини произведуваат бактериите кои предизвикуваат кариес. Накратко, заборавете дека постојат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ