Доналд Трамп се враќа во Белата куќа, а неговиот зет, Џаред Кушнер, започнува прекуокеански деловен потфат кој ќе го носи неговото име – Трамп.
Инвестициската компанија „Affinity Partners“, основана од Кушнер, во соработка со емиратскиот милијардер Мохамед Алабар, ќе изгради луксузен хотел и апартмански комплекс во Белград, на местото на поранешното југословенско Министерство за одбрана, пренесува „Блумберг“.
Како што е наведено, Трамп размислувал за слична идеја уште пред да се кандидира за претседател на САД во 2016 година.
Кушнер разговарал со неколку брендови пред да се одлучи проектот да го носи името „Трамп“.
„Разговаравме со неколку брендови во изминатата година за хотелот,“ изјави Кушнер во интервју за „Блумберг“.
Овој проект во Србија го означува првиот заеднички деловен потфат на Кушнер и Алабар. Кушнер изрази надеж дека ова ќе биде само првиот од многуте заеднички проекти кои ќе се реализираат во иднина, пренесуваат „Вијести“.
Одлуката за брендирање на проектот како „Трамп“ е донесена по победата на Доналд Трамп на изборите во ноември, со што се зацврсти глобалниот бренд на семејството Трамп.
А.Н.