Состојбата на шест заболени кои се наоѓаат на Инфективната клинија е стабилна, а кај тројца има лесно влошување, потешкотии со дишењето, лицата се над 56 години и им се интезивира терапијата, соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека едно лице кое што било во Германија е тестирано за корона вирус и резултатите ќе бидат готови за неколку часа. Пациентот утринава се јавил на Инфективна со висока температура иако од Германија се вратил здрав.
Министерот соопшти и дека од денеска Клиниката за дерматовенерологија има нов директор, откако претходната директорка заболена од корорна вирус беше разрешена бидејќи доаѓала на работа и била на симпозиум предизвикувајќи ризик од зараза кај над 100 лица. А.Р.