понеделник, ноември 25, 2024
домаЖивотУчилиштата ќе започнат со онлајн настава, а родителите на најмалите ќе одлучат...

Училиштата ќе започнат со онлајн настава, а родителите на најмалите ќе одлучат дали децата ќе одат на настава или од дома ќе учат

На заедничката прес конференција министрите Филипче и Адеми се обидоа да објасната како ќе изгледа оваа учебна година. Она што за сега се знае е дека училишната година ќе започне со онлајн настава, освен за децата од 1-3 одделение за кои деца родителите ќе имаат избор. Но, министерот Адеми, на прашање на ТЕХТ.МК не објасни дали изборот ќе биде добровелн или ќе бде услове. Имено, Адеми истакна дека во наредниот период ќе се подготви изјава која родителот ќе треба да ја достави до училиштето.

Адеми исто така не кажа како ќе изгледа еден училишен ден и дали ќе има целодневна настава за децата кои ќе одлучат да одат на училиште, освен дека часовите ќе бидат скратени за десет дена.

Во сето ова останува интересно како сме подготвени за старт на училиштата, кога МЗ интензивно се подготвува за есенските месеци, кога се очекува пораст на заразени од корона.

-Интензивно се подготвуваме за есенските месеци. Ситуацијата може да се комплицира, бидејќи тоа е период кога се јавува сезонскиот грип. Се поставуваат и 16 мини инфективни одделенија или ковид центри во другите градови, рече Филипче, нагласувајќи дека треба да се почитуваат мерките за заштита.

Само колку за илустрација, Минситерот Филипче кажа дека еден болнички ден на дете од корона чини околу 30.000 денари. Дали оваа сума за еден ден или 6000 евра за 14 дневен престој во болница е износ со кој може да се покријат плати на еден родител? И дали здравјето на децата е пред образованието? Министерот Филипче рече не, но по посраките ѓто ги превземаат не изгледа дека е баш така.

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ