вторник, декември 3, 2024
домаВиена најдобар според квалитет на живот, Хонолулу според пристап до санитација

Виена најдобар според квалитет на живот, Хонолулу според пристап до санитација

Дваесеттото издание на консултантската компанија Mercer која ги споделува податоците за квалитетот на живеење, и оваа година, деветта по ред ја рангира Виена највисоко на листата за квалитетот на живеење, додека Хонолулу
е на прво место според пристапот и квалитетот на санитацијата во градот, важен фактор во атрактивноста на градовите. Само колку за илустрација, најголемиот град во Велика Британија, Лондон, е на 41 место според квалитет на живеење, а на 67 место според индикаторите за пристап и квалитет на санитарните услови.

Според индикаторите за квалитет на животот, по Виена најголем квалитет на животот има во Цирих, Оукланд, Минхен и Ванкувер. Топ 10ката се дополнува со Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел. На дното на листата се Багдад, Банги и Сана.

Скопје е на 161-то место, а од регионото најдобро е пласирана љубљана на 77-то место, па Атина која е рангирана на 87-то место, Букурешт е на 107-мо, Софија на 116-то место, Истанбул е на 133-то, Белград е на 138-то.

Од регионална перспектива Сингапур е најдобар град за живеење во континентална Азија, Ванкувер е лидер за Северна Америка, за Карибскиот регион е Поан а Питер во Гвадалупе, за Блискиот Исток е Дубаи, а за Јужна Америка – Сан Хуан (Порторико) .

Најдобар град за живеење во САД е Сан Франциско, кој е на 29-то место. Меѓу африканските градови најдобар  во рангирањето е јужноафриканскиот град Дурбан (87-мо место).

При подготвувањето на листата се земат предвид неколку критериуми, меѓу кои политичка стабилност, здравството, образованието, криминал, транспорт, можности за рекреација

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ