петок, декември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеВо изминатото деноноќие нови 78 случаи, петмина починати, 172 оздравени од Ковид-19

Во изминатото деноноќие нови 78 случаи, петмина починати, 172 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се  5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3422, активни 1960
•       Куманово 801, активни 194
•       Дебар 110, активни 58
•       Штип 390, активни 157
•       Прилеп 281, активни 51
•       Тетово 775, активни 391
•       Струга 268, активни 169
•       Велес 196, активни 42
•       Битола 62, активни 23
•       Охрид 205, активни 176
•       Кавадарци 21, активни 15
•       Гостивар 161, активни 93
•       Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 17, активни 9
•       Крива Паланка 17, активни 11
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 7, активни 3
•       Кочани 75, активни 22
•       Пробиштип 29, активни 18
•       Демир Хисар 2, активни 1
•       Македонски Брод 6, активни 4
•       Пехчево 6, активни 3
•       Берово 3, активни 0
•       Валандово 6, активни 2
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 5, активни 2
•       Свети Николе 47, активни 42
•       Кичево 48, активни 39
•       Ресен 122, активни 85
•       Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 402
•       Аеродром – 155
•       Бутел – 170
•       Гази Баба – 201
•       Центар – 149
•       Карпош – 166
•       Сарај – 150
•       Кисела Вода – 110
•       Ѓорче Петров – 115
•       Студеничани – 107
•       Шуто Оризари – 95
•       Арачиново – 51
•       Илинден – 35
•       Петровец – 17
•       Чучер Сандево – 18
•       Сопиште – 9
•       Зелениково-8
•       Странец – 2
•       Нераспределен- 0

А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ