Во последните 24 часа во Мексико се регистрирани 7.280 нови случаи на коронавирус, што е нов рекорд по бројот на заболени за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја.
За еден ден е регистриран рекорден број смртни случаи – 730, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 33.526, пренесува Ројтерс.
Претходниот рекорд по бројот на заболени за еден ден беше постигнат во средата, кога 6.995 лица беа позитивни на корона вирусот. Од почетокот на епидемијата во Мексико се разболеле 282.243 луѓе.
Рекорден број новозаразени во Токио
Во Токио во последните 24 часа се регистрирани 244 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд во јапонската престолнина, соопштија локалните власти.
Повеќето од новозаразените во Токио се меѓу 22 и 40 години, а тоа се млади луѓе кои неодамна оделе во ноќни клубови, пренесува ТАС С.
За три дена во Токио, бројот на нови случаи се искачи од 75 на 244.
Вкупниот број заразени во Јапонија надмина 21.000, а околу 1.000 луѓе починаа.
Рекорден број нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во австралиската држава Викторија, објавија властите.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус изјави дека во последните 24 часа се пријавени 288 нови случаи на заразени. Тој ги повика жителите на Мелбурн да носат маски на отворено. А.Р.